Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако и вие имате навика вака да се возите на совозачкото место, сигурно илјадници пати ви рекле дека тоа е опасно. А, еве и зошто!
Одра Татум имала навика, секогаш кога ќе седне на совозачкото место, да ги крене нозете и да го стави под шофершајбната. „Сопругот секогаш ми велеше: Ако имаме сообраќајна несреќа, ќе ти се скршат нозете. А, јас не го слушав“, раскажа Татум за News Channel 9.
Но, додека оделе кај нејзините родители, каде требало да си ги земат двајцата синови, пред околу две години, друг автомобил се забил во нивната кола. „Кога се отвори воздушното перниче, нозете ми ги исфрли буквално в лице“, вели таа, додавајќи дека од силата на ударот, не само што и се скршиле и глуждовите и коските на нозете, туку и рамената и носот.
Затоа ја раскажува нејзината приказна предупредувајќи дека никогаш не смеете да се возите така.
Кога дошла брзата помош, докторите и рекле дека ако ги држела нозете на подот, би немала никакви последици. А, сега две години по несреќата, таа и понатаму се бори со последиците. „Се каам за тоа секој ден. Буквално секој час и секој ден, бидејќи кога ќе застанам на нозе, ја чувствувам болката. Затоа, ве молам, не седете вака“, додава таа.