Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) доби целосно ново раководство откако за генерален директор и претседател на Управен одбор е избран Драган Миновски кој дојде на местото на Христијан Мицкоски.
Во Управниот одбор покрај Миновски се и Благојче Трповски, Ѓорги Михаилов, Иван Трпески и Марјанчо Николов.
Трповски е директор за производство на електрична енергија, Михаилов директор за правни и општи работи, Трпески директор за развој и инвестиции, додека пак Марјанчо Николов е директор за комерцијални работи.
Во Надзорниот одбор на ЕЛЕМ нови членови се: Златко Перевски, Верица Узунова, Ѓоко Ташев и Сашо Додовски.