Заев во друштво на првите луѓе од УЕФА: Македонија ќе ја оправда довербата за Суперкупот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), премиерот Зоран Заев синоќа присуствуваше на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.

Премиерот Заев на приемот за добредојде на гостите се задржа во куси разговори со водечките функционери на двете фудбалски федерации – европската и светската, како и со членовите на управите и стручните штабови на двата клуба, учесници во УЕФА Суперкупот, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

„Заев изрази уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“, соопшти владината прес-служба.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин му се заблагодарил на премиерот и на Владата за комплетната поддршка во организација на финалето на Супер купот.