Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Усеин Болт вчера се прости од трките на 100 метри, „молњата“ од Јамајка, замина во легендите.
За жал, неговото шоу не беше комплетно. Болт заврши на третото место, побрзи од него беа Џастин Гетлин кој беше дочекан и испратен со свиржи и неговиот сонародник Крис Колмен.
Сепак, на крајот од трката сите камери беа вперени кон човекот кој навистина беше вистински амбасадор на спортот низ целиот свет.
Причина за лошиот настап на Болт во финалето кое како што споменавме во негова последна трка на 100 метри беше како што самиот кажа, лошиот старт.
„Знаев дека без добар старт во вакво финале во кое се натпреваруваш против фантастични спринтери тешко е да победиш, за жал јас го немав, но го дадов мојот максимум. Сакам да му честитам на Џастин Гетлин, заслужено денес беше најдобар“, зборуваше Болт веднаш по трката.
Болт последната трка на 100 метри во својата кариера ја истрча за време од 9.95 секунди, а неговиот рекорд од 9.58 веројатно уште долго ќе остане како мотив за сегашните и идни спортисти да го достигнат најголемиот во историјата.