Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Научниците тврдат дека повеќето луѓе погрешно размислуваат за едно од највкусните овошја, бананите, па затоа и главно ги јадат во погрешно време.
Некои луѓе најмногу сакаат да ги јадат наутро бидејќи се заситна намирница и брзо го подигнуваат нивото на енергија. Некои, пак, се склони да ги јадат преку денот, меѓу оброците, но експертите сега кажуваат нешто кое повеќето од нас не сме го знаеле.
Бананите се одличен извор на енергија, супер сојузник во диетите, но кога ги јадете навечер, тогаш се најефикасни со своите состојки.
Дали овој податок ве изненадува?
Со својата хранливост бананите содржат сè што на човечкиот организа му треба во еден оброк. Протеини, јаглехидрати, влакна, витамини, минерали – бананите ги содржат сите нив.
Но, не делуваат исто, во зависност од фактот во кој период од денот ги јадете.
Ако вашиот избор е наутро, експертите ќе ви кажат зошто тоа не е најдобар избор за вас. Со сè што нудат бананите, тие имаат и доста калории поради шеќерот кој наутро нема да ве размрда и раздвижи, туку ќе ве направи малку троми.
Во текот на денот се добар избор, особено после тренинг, бидејќи се богати со калиум и добро ги надоместуваат електролитите изгубени во текот на вежбањето. Но, тоа не е сè што можат да ви пружат бананите.
Сетете се зошто не се добар оброк наутро и веднаш ќе ви стане јасно зошто е добро да се јадат навечер. Тогаш ќе ве смират, ја ублажуваат несоницата, ги опуштаат мускулите, а поради сето тоа што се, со сите оние погоренаведени позитивни карактеристики кои ги имаат, тие се богати со триптофаном кој помага на организмот да произведе повеќе серотонин кој ќе ве смири и ќе ви овозможи добар сон.
Серотонинот можеме да го наречеме природен антидепресив, а колку повеќе телото го произведува, побрзо ќе се ослободите од насобраната нервоза, стресот, тегобите и бесот.
Серотонинот ќе ве смири, но има уште нешто што веројатно претходно не сте го знаеле за триптофанот. Откриена е поврзаност дека триптофанот од бананите соврешно го зголемува и количеството на мелатонин, хормон кој го регулира будењето и спиењето, па луѓето побрзо ги заспива.
Покрај сето досега наведено, бананите се богати и со магнесиум кој ги опушта уморените мускули, што дополнително придонесува за добар сон.
А подобар сон води и до подобра телесна линија. Тоа сигурно веќе го знаете.