Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во 19,45 часот во Единицата за известување и командување Скопје, Е.П. пријавила дека во нејзиниот дом во с.Горњани нејзиниот сопруг З.П., откако се довел во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неа и нивниот син, а потоа ги бркал од дома.
Тој ја уништил покуќнината и патничко возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.М.
Притоа З.П. се здобил и со повреди по телото од тоа што паѓал по дворот. Од екипа на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.