Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На интернет се појави фотографија од „фиџет спинер” стар четири илјади години, изложен во Mузејот при чикашкиот Ориентален институт.
Се работи за глинен триаголник по потекло од Месопотамија, со натпис „играчка на вртење со глава на животно”. Меѓутоа, кустосот на музејот тврди дека музејскиот натпис е погрешен, и дека овој предмет од древноста е користен како оружје, а не како играчка.
– Кога „играчката на вртење“ беше првпат изложена во јавноста во 1932. археолозите се сложија дека е единствена и сугерираа дека можеби е користена за астролошки цели, бидејќи на краците можеме да видиме бик, јарец и лав, изјави Џин Еванс, додавајќи дека музејот наскоро ќе ја промени ознаката пред експонатот.