Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синдикатот на Croatia Airlines се откажа од штрајкот, кој беше најавен за 8 август, по состанокот во Министерството за сообраќај и инфраструктура, на кој присуствувале претставници на управата и синдикатот на компанијата.
Заклучено е дека преговорите ќе продолжат на 1 септември.
Управата прифатила дел од барањата, а за другите барања, преговорите ќе продолжат.
Во преговорите околу постигнување договор и склопување нов колективен договор за вработените во Croatia Airlines ќе се вклучи и Министерството со цел наоѓање најдобро решение, како за правата на работниците така и за компанијата, како и за постигнување нејзина стабилност и одржливост.