Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Масакриран буџет, кратење на капиталните инвестиции, на средствата во образованието, здравството, полицијата, армијата, на сметка на непродуктивни трошења, вработувања партиски кадри и градење бегалски кампови, се само дел од забелешките за ребалансот што денеска ги изнесоа опозициските пратеници.
Собранието денеска ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот, што почна во вторникот.
Од СДСМ возвратија, дека со ребалансот капиталните инвестици не се кратат, туку се сведуваат на реална основа.
Пратениците Албанци фокусот на својата диксуија го ставија врз регионалниот развој. Забележаа дека со ребалансот, повторно не се рамномерно и еднакво распределени средствата за оваа намена.
Според предвиденото, расправата за буџетот на пленарна седница трае пет дена.