Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Членовите на нивните семејства изјавиле дека не знаат каде се наоѓаат тие, како и дека зад тоа стои претседателот Николас Мадуро. и двата лидери во изминатите денови ги повикувале Венецуелците да се приклучат на протестот против Мадуро, откако беше избрано семоќното законодавно тело наречено Уставно Собрание, пренесува МРТ.
Двајцата водечки опозиционери во Венецуела, Леополдо Лопез и Антонио Ледезма биле уапсени и одведени од нивните домови каде се наоѓаа во куќен притвор. Земјата сигурно чекори на патот кон авторитарна еднопартиска држава.
Американското министерство за финансии го нарече Мадуро диктатор кој претставува опасност за демократијата во Венецуела и воведе санкции, со кои се замрзнува неговиот имот во САД. Санкциите предвидуваат и забрана за преговарање на американски претставници со претседателот на Венецуела.
„Не мислам дека санкциите ќе му наштетат многу на претседател како нашиот. Венецуелците немаат ништо заедничко со американската политичка динамика, ние си имаме своја“, изјави Хозе Авикамперо, поддржувач на власта.
„Американците знаат дека нашата влада е корумпирана и ќе им го замрзнат целиот имот. Тоа ми изгледа благо во споредба со она што требаше да го направат, со моќта што ја имаат“, вели Грециа Родригез, поддржувач на опозицијата.
Мадуро изјави дека и покрај американските санкции не планира да се откаже од плановите за Уставотворното Собрание и од борбата против непријателите. Како непријатели ги посочи независните новинари и вооружените мажи испратени од соседна Колумбија за да го нарушат гласањето како дел од меѓународен заговор раководен од Доналд Трамп.