Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Богдан Илиевски познат како ’Бетмен велит’ реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев дека неговиот избор за член на ИК е доказ дека крвавиот четврток бил добро осмислена организација со цел одземање животи.
-Добро е пред да изјавува било што Зоран Заев да се погледне во огледало и да размисли за сето зло што и’ го прави на државата, па би било добро и да почне да размислува и да се потсети на начинот на кој што дојде на власт, но и на тоа дека од ден на ден вртоглаво ја губи и таа мала поддршка која ја имаше.
Само тие што имаат директна профит од него лично глумат дека му веруваат. Другите веќе ја знаат целата вистина. Еве ја, на ачик, пред сите нас. Вечерва на Влада Бујар Османи најави дека ќе го усвојуваат Законот за јазици. Капитулантскиот договор со комшиите поддржан со две раце од најголемите националисти во Бугарија кој ќе се потпише утре е само уште една епизода, за која зборувавме и ние 60 дена пред и 15 дена по 27-ми април.
За сите други нејаснотии, ќе даде Господ, ќе се разбереме на суд. А бога ми и на избори, напиша Илиевски на својот Фејсбук профил.