Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сите знаат дека Арнолд Шварценегер во својот живот и кариера најпрвин беше бодибилдер, актер, па потоа и гувернер на Калифорнија.
После разводот со Марија Шривер, околу себе има харем од жени кои ги задоволуваат неговите сексуални потреби, пренесуваат медиумите.
„Арни има претерано изразени сексуални пориви. Иако е разведен, дефинитивно не е осамен кога е сексот во прашање. Околу него постојано има харем од жени кои го посетуваат на дневна база, само за да ги задоволат неговите потреби“, изјави за Daily Star комичарот Том Арнолд кој додаде дека неговиот девет години од него постар колега е зависен од секс.
Според зборовите на пријателот од Шварци, познатиот Терминатор верува дека пет пати дневно е оптимален број на сексуални активности за неговото тело да биде во форма, а тој секогаш бил „фит“.
„Тоа стана и негова навика“, изјави Том, откривајќи ја тајната на неговиот пријател.
Инаку, Шварценегер оваа година наполни 70 години, а општо познато е дека и понатаму користи стероиди за неговото тело да биде одржано со мускулатура, иако тоа не е препорачливо на негова возраст.
За да се гледа секој мускул на неговото тело, актерот редовно јаде бифтек и крева тегови.