Фото: Лудница во Милано – незапаметен интерес за билети за Милан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан ова лето направи агресивна трансфер капмања, на „Сан Сиро“ пристигнаа девет нови засилувања, за кои миланскиот гигант потроши повеќе од 200 милиони евра.

Тоа го зголеми ентузијазмот кај навивачите на италијанскиот гигант, кој во последните години имаше состав и резултати кои не се на нивото на клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека има незапаметен интерес за купување на сезонски билети за новата сезона и се очекува да бидат продадени повеќе од 55 милиони сезонски билети.

Тоа е навистина премногу ако се знае дека минатата сезона беа продадени само 15.000 сезонски билети, а рекорд во последно време е сезоната 2007/08 кога Милан беше европски шампион и кога се продадоа 45.000 билети.

Интересот да се гледа „новиот Милан“ е огромен, па медиумите информираат дека веќе се продадени 70.000 билети за натпреварот против Крајова во четврток во Лигата Европа, кој ќе биде прв меч на „Сан Сиро“ оваа сезона.

„Сан Сиро“ оваа сезона ќе биде секогаш полн, а тоа сигурно е додатен „ветер во грб“ за разбудениот милански гигант.