Вода од 25 милиони години: Ова е најстарото и најголемо езеро на светот (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бајкалското езеро е старо 25 милиони години, што го чини најстаро езеро на светот. Тоа е воедно и најголемото езеро на светот – опфаќа 20% од светските залихи на слатка вода. Затоа во минатото многу Руси го нарекувале „Бајкалско море”.

Ова огромна површина на вода, на југоистокот на Сибир, е опеана во бројни народни песни и локални легенди. Во 1996 година, езерото се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Природната убавина на ова езеро, познато и под името „Бисерот на Сибир”, во последно време привлече и бројни инвестиции од сферата на туризмот. Од декември до март, локалните туристички агенции нудат возбудлива понуда на возење со санки влечени од кучиња по шумската патека долж бајкалскиот брег. За возење од 5 км, за само 50 евра, туристите имаат незаборавно уживање, влечени на санка со 4 кучиња.