Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 29 јули околу 14,45 часот на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, при изведување градежни работи, односно при уредување дворна површина со рачен компресор, Р.М. (27) од с.Црешево, скопско, во еден момент паднал на земја.
Тој веднаш бил пренесен во поликлиника Чаир, а од таму со возило на итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16.10 часот била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.