Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стока со различен квалитет и состав, а со иста амбалажа се продава и во Србија, изјави преседателот на Националната организација на потрошувачи Горан Паповиќ.
Според него, кога на декларацијата пишува упатство или состав на српски јазик или на хрватски или на македонски јазик, тогаш таа стока е наменета за трета земја. А ако декларацијата е на германски, англиски, француски, шпански, тогаш производите доаѓаат од матичниот погон, пренесува РадиоМОФ.
„Исти намирници и производи како и нам, им се сервираат и во Унгарија, Словачка, Полска, како и во сите земји кои се приклучени на Европската Унија. Затоа премиерот на Словачка Роберт Фицо ѝ даде рок на Европската комисија до есеноска да почне да го решава проблемот со различниот состав на истите намирници и производи и се закани дека Словачка може да воведе еднострано ембарго и да ги повлече намирниците на Западне Европа од словачките ресторани”, рече Паповиќ.
Тој потенцира дека Србија има многу поголеми проблеми од земјите на Вишеградската група по прашањето за стока која се увезува од ЕУ.
„Ако членките на Вишеградската група за себе велат дека се канта за ѓубре на Европската Унија, тогаш ние сме депонија”, истакнува Паповиќ.