Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луѓето настанале од материја која патувала милијарди километри од други галаксии, се наведува во новата студија, пренесува Фена.
Се околу нас е материја, па и самиот Млечен пат. Сепак, научниците сега дојдоа до сознание дека и Млечниот пат настанал од „екстрагалатичка материја“. Научниците користиле компјутерски модели за да дознаат како материјата од која сме создадени но која нас не опкружува воопшто дошла во нашата галаксија.
Експлозиите супернова исфрлаат големи количества материја од галаксијата, ширејќи ја низ целиот Универзум, во што помагаат и силните галактички ветрови. Тоа значи дека истата материја од која сме направени, веројатно својот живот го почнала многу порано и многу, многу далеку, пред да почне да се пренесува преку Универзумот.
– Земајќи предвид дека дел од материјата од која сме ние создадени доаѓа од други галаксии, можеме да се сметаме себе си за екстргалактички мигранти, рече Данијел Енгл-Алказар, астрофизичар.
– Многу е веројатно дека материјата од Млечниот пат се наоѓала и во други галаксии, ветерот ја пренесувал како и дека новиот дом го пронашла токму во нашата галаксија, вели тој.
Интергалактичкиот трансфер е нов дефиниран феномен, кој и тоа како може да ги промени нашите досегашни знаења за формирање то на галаксија. Истражувањето покажа дека материјата се селела од помали галаксии кон поголеми, како што е нашиот Млечен пат, па тука се „вдомила“ и почнала да „создава“.