Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипите од епидемиолошката служба и од Институтот за јавно здравје во Тетово биле на терен во село Симница, направена е дезинсекција, дератизација и дезинфекција на местата каде што се движеле двајцата починати од Хеморагична треска, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Според него, состојбата е целосно под контрола и нема простор за паника. Веќе им се дадени инструкции на сите лекари и медицински персонал како треба да постапуваат во врска со вирусот.
Министерот Таравари кој кој на јавноста и се обрати од САД, рече дека се шпекулации наводите дека уште еден пациент е починат, напротив, сите седуммина болни се во добра состојба. Притоа нагласи дека пристигнале лабараториските испитувања на крвта на пациентите, се работи за подобрата варијанта на вирусот (хантан), која не се пренесува од човек на човек туку само од глодари на луѓе.
Таравари потврди дека овој вирус спаѓа во група на хеморагични трески но е неговата најбезопасна варијанта.
Додаде дека имало и претходно четири пациенти со овој вирус, но дека сите се излекувани и немаат повеќе никаков проблем. Министерот за здрваство на крајот уште еднаш повтори дека здравствените институции ја имаат состојбата целосно под контрола и нема да дозволат проширување на вирусот.