Двајца починати и четворица хоспитализирани на Инфективна од опасна заразна болест


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајца пациенти од гостиварско на 50 и 23 годишна возраст, роднински поврзани, починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако биле донесени со висока температура, дијареа и повраќање.

Едниот починал неколку часа, а другиот три дена откако бил донесен на Клиниката.

Претходно немале никакво заболување. Болеста го зафатила црниот дроб, крвта и бубрезите. Извори за НОВА велат дека најверојатно станува збор за хеморагична треска, но од Комисијата за инфективни болести не ја потврдија оваа информација.

„Претпоставуваме дека се работи за болест која се пренесува векторски, преку инсекти или животни“, изјави Звонко Миленковиќ претседател на Комисијата и директор на Клиниката за инфективни болести.

На Клиниката се наоѓаат уште четворица пациенти од истиот регион со истите симптоми, но се со полесна клиичка слика.

Епидемиолошките служби се на терен и ќе утврдуваат дали има потреба од прогласување епидемија, бидејќи дел од овие пациенти се во роднински врски.

На Клинката за инфективни болести не е прогласен карантин, туку се изолирани во посебни простории.

Се вршат анализи за да се утврди за кое заболување станува збор.