Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еминентниот француски весник „Екип“ потврди дека Баерн Минхен и Милан постигнале начелен договор за трансфер на Ренато Санчез.
Не е тајна дека „росонерите“ се заинтересирани за Португалецот, а вчера и самиот Ренато Санчез потврди дека би сакал да се пресели во Милан.
Имено, фудбалерот има комплетен договор со Милан и ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона, па сега останува уште двата клуба да ги договорат последните детали.
Имено, Милан ќе плати 8 милиони евра за двегодишна позајмица, а потоа целосно ќе го откупи договорот за 32 милиони евра, па целиот трансфер ќе изнесува точно 40 милиони евра.
Баерн моментално е на турнеја во Кина, но веднаш откако ќе се вратат во Европа ќе бидат договорени последните детали и Ренато Санчез ќе се пресели во Милано.
Renato Sanches (19 ans) est proche de l'AC Milan. Son transfert devrait se conclure autour de 40 M€ https://t.co/0DZYAzryND pic.twitter.com/xTLVCMsmyT
— L'ÉQUIPE (@lequipe) July 26, 2017