Еве ги новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од полноќ за 0,50 денари по литар поскапува бензинот Еуросупер БС95, а цените на Еуросупер БС98, на дизел горивата и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, одлучи денеска Регулаторнста комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС95 ќе изнесува 61 денар за литар. Еуросупер БС98 и натаму ќе се продава за 62,50 денари за литар, Еуродизелот (ДЕ V) за 47 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 35,50 денари за литар.

И малопродажната цена на Мазутот М1 НС се намалува за 0,506 денари и килограм ќе чини 23,681 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 проценти, односно за 0,17 проценти.