Готово: Клоп го доби посакуваното засилување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми попладнево лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Ливерпул постигнал договор со Лајпциг за трансфер на Наби Кеита.

Кеита беше најголема трансфер желба на тренерот Јирген Клоп, а според најеминетните медиумите на Островот „црвените“ ќе платат 75 милиони фунти (нешто повеќе од 80 милиони евра).

Ливерпул од почетокот на преодниот рок се обидуваше да го доведе 22-годишниот играч за врска од Гвинеја, но германскиот клуб ги одбиваше сите понуди.

Сепак, на крајот Лајпциг попушти и ја прифати понудата од 75 милиони фунти, па Кеита ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот од „Енфилд“.

Се очекува уште фудбалерот да ги помине рутинските медицински прегледи за трансферот да биде и официјално комплетиран.