Видете колку чини најскапото шише вино


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу ретко шише со вино од реномираниот австралиски винар Пенфолдс беше продадено за 51.750 австралиски долари, односно 35.158 евра.

Ова денеска го објави австралиската аукциска куќа која нагласува дека е ова рекордна цена за ваков производ.

Станува збор за Пенфолдс гренџ од 1951 година, прва берба на тоа црно вино од истоимената колекција, од која има уште 20 шишиња.