Цацко советник на министерот Поповски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Љупчо Бубо Каров од денеска ќе биде надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија, соопштија оттаму.

„Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата“, се вели во соопштението на Владата.

Љупчо Бубо Каров во јавноста е најпознат по својот хумористичен лик „Цацко Конопишки“ од хумористичната емисија „К-15“, која сега веќе не се емитува на малите екрани.