Јувентус со мега понуда за Србинот од Лацио!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Медиумот тврди дека „бјанконерите“ се спремни во наредните денови да испратат понуда од 40 милиони евра до Лацио, односно 35 милиони во кеш плус 5 милиони како бонуси.

Милинковиќ – Савиќ одигра фантастична сезона во дресот на Лацио и го привлече вниманието на многу голови клубови, меѓу кои и Јувентус. Тренерот Макс Алегри смета дека Србинот би бил идеално засилување за средниот ред на „старата дама“.

Сепак, на Јувентус ќе му биде тешко да го комплетира овој трансфер бидејќи Лацио не сака да слушне за продажба на својот најдобар фудбалер. Притоа Милинковиќ – Савиќ неодамна го продолжи договорот со „бјанкочелестите“ па Лацио за неговата слобода ќе бара повеќе од 50 милиони евра.

Сепак, „Скај Италија“ тврди дека Јувентус во следните денови ќе испрати понуда тешка 40 милиони евра за да го испита „пулсот“ на Лацио.