Погледнете што се случуваше на лудата клупска сцена на Ибица во ’90-те (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ибица е поим за музички хедонизам и ескепизам. Во раните ’90-те години од минатиот век, малиот остров стана централна дестинација за хаус и рејв експлозивни забави, комбинирани со егзотичната убавина на белиот песок и заводливите медитерански води.

До крајот на минатиот миленум, Ибица стана гламурозно, од сонцето бакнато место за музички аџилак со комерцијална популарност. Еве што се случуваше на крајот до 1990-те, кога на една сцена се здружија Орбитал, Фејтлес, Пол Окенфолд и други звучни имиња од светот на електронската музика.