Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Велосипедистката Џени Мортон-Хемфрис успеа да си го врати својот украден велосипед откако забележала дека разбојникот кој ѝ го украл го продава на Фејсбук. Дека велосипедот е пуштен на продажба, Џени забележала неколку часа после кражбата.
Откако побарала помош на Фејсбук страницата на која се разменуваат информации од страна на велосипедистичката заедница дека велосипедот ѝ е украден, корисникот кој забележал дека истиот е на продажба и се понудил да договори средба меѓу неа и крадецот. Иако полицијата ја советувала да не оди сама на договорената средаба, Џени одлучила да оди по својот велосипед додека некој не го купил.
„Се преправав дека сум заинтересирана и поставував глупави прашања. Му реков дека е превисок за мене и прашав дали може да седнам на велосипедот и да го испробам. Се погрижив да не носам ништо со мене, освен кутија цигари и клучеви кои ги држев во раце. Го замолив да ми ги причува, тој го пушти велосипедот, па јас му ја дувнав и пробував да вртам што е можно побрзо“, раскажува таа.
Се изненадила кога, откако си дошла дома, видела дека нејзиниот велосипед е во подобра состојба отколку што бил откако ѝ го украле.