Хорор во музичко училиште: Наставници физички злоупотребиле 547 ученици


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наставниците во едно од најпознатите германски музички училишта физички и сексуално злоупотребиле 547 ученици помеѓу 1945 и 2015 година, открива независен извештај. Некои од децата ја споредуваат оваа институција со концентрациони логори и пекол.

Во извештајот, чија должина изнесува 440 страници, е опишано како наставниците применувале физичко насилство, вклучувајќи шлаканици на момчињата и удирање со дрвени стапови.

Момчињата што се обиделе да побегнат од училиштето Regensburger Domspatzen биле фатени и вратени во училиштето и пред останатите момчиња биле навредувани и тепани, пишува во извештајот.

Обвинувањата за злоупотреба во училиштето, старо повеќе од илјада години, кое сега е на турнеја низ светот, биле откриени во 2010 година.

По критиките, епархијата во вторникот призна дека тоа било грешка и го овласти адвокатот Улрих Вебер во 2015 година да изготви независен извештај.

Братот на поранешниот папа Бенедикт Георг Рацингер го водел хорот помеѓу 1964 и 1994 година, а во 2010 година признал дека удрил ученик, но дека не сфатил колку оваа дисциплина е сурова.

Вебер изјави дека Бенедикт Георг Рацингер е особено виновен бидејќи останал глув и не интервенирал и покрај фактот што имал сознанија за злоупотребата. Неколку сведоци изјавиле дека тој генерално бил пријателски настроен.

Вебер додава дека системот бил насочен кон постигнување квалитет во хорската музика и поради таа цел, дисциплината на високо ниво била вообичаена. Тоа дало основи за насилството.

Вкупно 547 поранешни ученици биле жртви на физичка или сексуална злоупотреба. Меѓу нив, 67 ученици биле жртви на сексуална злоупотреба.

„Жртвите ја опишале институцијата како затвор, пекол и концентрационен логор“, изјави Вебер на конференцијата за новинарите додавајќи: „Многу од нив изјавиле дека тој бил најлошиот период од нивните животи, обележан со насилство, страв и беспомошност“.

Обвиненијата за сексуално и физичко малтретирање во католичките училишта во Германија, особено во Баварија, од каде што потекнува поранешниот папа Рацингер, ја потресоа црквата, а скандалите за злоупотреба на децата ги погодија и Америка, Австрија и Ирска.