Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата работа која ни паѓа на памет кога мислиме на Џенифер Лопез, е тоа какво тело има на 47 години. Освен што редовно вежба со цел да се одржува во форма, таа има и посебна исхрана.
Џеј Ло се држи настрана од алкохолот, цигарите и кофеинот и секое утро пие шејкер со 90 калории и безкофеинско кафе.
– За неа имам подготвено посебен начин на исхрана, поради тоа што мора да се наполни со енергија покрај сите работи кои што ги прави. Исхраната е целосно органска и многу добро смислена со баланс од високо квалитетни протеини и многу хранливи состојки, сподели Трејси Андресон, нејзиниот личен тренер.
Сепак, Џенифер знае да ужива и во некоја вечера во скап ресторан.
– Многу ресторани нудат здрави јадења со малку калории, па секогаш ги избирам оние јадења кои што ми одговараат на мојата исхрана. Најчесто јадам салата или некоја риба со зеленчук и пијам многу вода, вели Џенифер.
Покрај таа исхрана и вежбањето, нормално е да има така сјајни резултати кои се мошне видливи на нејзиното тело.