Граѓаните на Катар ќе мора да вадат визи за влез во Египет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со одредени исклучоци, Египет ќе стави крај на безвизниот влез во својата земја за државјаните на Катар, соопшти министерството за надворешни работи.

„Нема смислам и натаму да правиме отстапки на Катар и да му даваме привилегии во контекст на тековната ситуација“ изјави портпаролот на египетското министерство, Ахмед Абу Зеид, пренесува Ројтерс.

Катарските државјани сега ќе мораат да поднесат барање за вадење виза за да влезат во Египет.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5-ти јуни ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи ја таа земја дека го финансира и поддржува тероризмот.