Саша Броз распали по „плачкото“ Чилиќ: „Доста со тие три и пол плускавци од Вимблдон“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Плускавците беа голем и сериозен проблем за Марин Чилиќ (или барем тој така ги претстави) во финалниот дуел против Федерер на овогодинешното издание на престижниот Вимблдон, поради кои на крајот и го загуби мечот.

Своето разочарување од поразот не го крие ни режисерката и внука на Јосип Броз Тито, Саша Броз, која на Чилиќ му замерува за драматизирањето околу плускавците.

„Вака изгледа стапалото од балерините. И тоа не од било која, туку од сите! Цела кариера молчат и трпат и не објавуваат фотографии од повредите барајќи да им се прости успехот или падот. Драго општество, ова го знам од прва рака, поточно нога. Толку за трите и пол плускавци со кои не труе од Вимблдон“, напиша режисерката на својот Фејсбук профил.