Лукаревска со најава на големи даночни реформи во повеќе сектори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата в.д. директорка на УЈП, Сања Лукаревска, на пресконференција пред новинарите најави голема даночна реформа во повеќе сектори. Целта, како што рече таа, е поедноставување на процедурите за плаќањето и пријавувањето на персоналниот данок на доход за граѓаните и фирмите. Проектот кој ќе се одвива во неколку фази треба на крајот да донесе реформа во која Управата ќе им ги изготвува годишните решенија за данок на граѓаните, а тие само ќе ги проверуваат и потпишуваат.

Директорката информира дека фирми прикривале даноци со издавање т.н. компјутерски сметки, односно сметки кои се печатат од обичен нефискален печатач. Тоа значи дека фирмите имаат паралелен систем кој не е поврзан со GPRS системот на УЈП. Лукаревска рече дека УЈП повело истраги за тие фирми. В.д. директорката истакна дека УЈП се злоупотребувала како инструмент за заплашување.

Исто така, Лукаревска рече дека има кадровски промени во УЈП, но за драстични кадровски промени им се врзани рацете. Од септември најави и листа на 100 најголеми плаќачи на данок во Македонија. Новата в.д. директорка најави и дека се прават анализи за повратот на 15% ДДВ. Таа информираше дека наплатата на даноци била за 3,16 отсто помалку од она што се очекувало за првите шест месеци од годинава.