Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смимката на која девојката паѓа од карпата додека дечкото ја трга својата нога кога таа се обиде да се фати за неа минатото лето стана вирален хит на социјалните мрежи, а дури сега, една година подоцна, откриени се деталите што всушност се случувало на работ од карпата.
Девојката скокаше од работ на карпата и случајно малку се потслизна, па при падот се обиде да се фати за ногата од типот кој седеше покрај неа, но тој ја тргна ногата и таа падна во водата. Типот кој ја објави снимката се вика Александар Тихомиров, а сега, за Unilad, тој открива дека девојката од снимката е неговата бивша сопруга, руската манекенка Мери Шум.
Типот кој ја тргна ногата се вика Џеј Алварез, кој важи за Инстаграм ѕвезда. „Падна на карпата, околу три метра подолу. Не скрши ништо, но ги повреди стапалот и грбот. Веднаш отидовме во болница, не можеше да оди неколку дена, но на крајот сето тоа добро се заврши“, вели Тихомиров.
Александар, кој има и дете со руската манекенка, вели дека не го обвинува Алварез што ја тргнал ногата. „Не ја тргна ногата затоа што е кретен туку затоа што сето тоа се случи во секунда“, објаснува Александар.