Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска се обележуваат 22 години од геноцидот во Сребреница. На 11 јули 1995 година силите на војската на Република Српска влегоа во Сребреница и извршија воено злосторство убивајќи околу 8.000 луѓе.
Нападот на Сребреница почна на 6 јули 1995 година, а заврши пет дена подоцна кога силите на војската на Република Српска, под команда на генералот Ратко Младиќ, влегоа во градот.
Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница го квалификува како геноцид. Резолуции со кои ја потврдуваат пресудата донесоа парламентите на земјите членки на Европската Унија, Канада, САД и Австралија.
Резолуцијата за Сребреница не е усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации во 2015 година откако Русија го искористи своето право на вето со што го собори британскиот предлог.
На почетокот на јули 2006 година владата на Србија ги осуди сите воени злосторства во војните кои се случија на просторите на поранешна Југославија, меѓу кои посебно се спомнати злосторствата над муслиманите во Сребреница и Србите во Братунац.
Четири години подоцна српскиот парламент усвои декларација со која се осудува злосторот извршен над Бошњаците во Сребреница, исто како што тоа е утврдено со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.
За злосторствата во Сребреница обвинети се лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ, и генералот Ратко Младиќ. Караџиќ е уапсен во јули 2008 година, а Младиќ во мај 2011 година.
Судот во Хаг во март 2016 година за злосторствата во БиХ го осуди Караџиќ на 40-годишна затворска казна, додека судењето на Младиќ сè уште трае.
Обележувањето на годишнината во Меморијалниот центар во Поточари ќе почне во 11:30 часот.