Животната драма на Батистута: Едвај можам да се движам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Беше еден од најдобрите и најомилените фудбалери на своето време. Габриел Баститута, магичниот Аргентинец, за сите нас кои бевме инфицирани со фудбалот во 90-тите беше многу повеќе од обичен натпревар.

Најубавите моменти од фудбалот ги помина во Фиренца, па токму поради него „виолетовите“ совраа армија симпатизери ширум светот. Имаше нешто неодоливо во неговата игра, начинот на кој постигнуваше голови, начинот на кој што ги прославуваше, едноставно го сакаа сите.

Токму поради тоа сите ги погоди веста која вчера стигна од Аргентина, а која вели дека Аргентинецот е тешко болен. Здравствената состојба на Батистута во последно време драстично се влошува и во последното интервју кое го даде за новинарите изјави дека едвај може да се движи.

„Имам проблем со обичното движење бидејќи за фудбалот дадов многу повеќе отколку што требаше“, изјави Батистута.

„Ја сакам оваа игра, тактика, тренинзите и сето она што се случува на теренот. За жал тоа остави трага во мојот живот, по моето здравје. Дадов многу повеќе отколку што моето тело можеше да поднесе и денес за тоа ја плаќам цената“, искрен беше Аргентинецот.

Веруваме дека нема такви кои го следеле фудбалот пред појавата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а кои не го сакале Габриел Омар Батистута. Никогаш не беше во центарот на вниманието поради скандал и беше омилен како кај соиграчите така и кај противниците.

Фантастичен фудбалер, генијален стрелец и вистински спортист!