Тежок пад на атлетичарката: Џасмин Стоерс удри со главата во патеката


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американската атлетичарка Џасмин Стоерс доживеа болен пад за време на трката на 110 метри со пречки на натпреварот од Дијамантската лига.

Во завршницата од трката во Лондон, Џасмин не можеше да запре при преголемиот залет, па првин едната нога ја запна на пречката, падна преку следната, а потоа удри со глава на патеката. За среќа, покажа дека не е сериозно повредена.