Оваа плажа е прогласена за најубава во Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Малата британска плажа Росили беј во Свонси е прогласена за најубава плажа во Европа, фрлајќи ги во сенка шпанската Коста дел Сол и преубавите грчки плажи.

Росили беј првенствено е опишана како област на извонредна убавина, Нејзината посебност ја прават песочните дини и ридовите и не е чудно зошто токму таа е избор на голем број туристи.

– Ова признание не претставува ништо ново за Росили беј, но нашата среќа што имаме една таква плажа ја прави уште поголема, изјави Роберт Френсис Дејвис, член на секторот за туризам.

– Тоа исто така е причина зошто фотогафиите од ова место редовно ги вклучуваме во нашата мапа, како и во онлајн огласувањето. Сакаме да поттикнеме што повеќе луѓе да ја посетата плажата во Свонси, додаде тој.

Дејвис изјави дека туризмот на Свонси годишно му носи 400 милиони долари, но ова признание дополнително ќе придонесе кон тоа.

Најубавата европска плажа се најде меѓу првите десет на листата светски плажи.

Росли беј популарноста ја стекна во 2012 година за време на одржувањето на Олимписките игри во Лондон.