Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Официјалните видео спотови од Принц се достапни на YouTube од петокот, нешто повеќе од една година после ненадејната смрт на поп легендата и декларираниот непријател на сеприсутните видео платформи на интернет.
Спотовите за некои од неговите најпознати хитови како When Doves Cry и Let’s Go Crazy сега се достапни на официјалната страна на YouTube. Останатите би требало да следуваат.
Рано пробивајќи се на интернет, Принц после стана жесток критичар на тамошните платформи, обвинувајќи го бесплатниот и сè полесен пристап до музиката онлајн кој ги намалува приходите на музичарите.
Музичарот дури и вработи екипа задолжена за детектирање и елиминација на сите негови спотови од интернет, па дури и кратки исечоци кои ги снимале и објавувале обожавателите.
Прашан непосредно пред смртта за тој негов категоричен став, Принц напиша порака на Твитер, а потоа брзо ја избриша. Истата гласеше: „Имајќи во предвид дека YouTube не исплаќаат пари, нели е тоа апсурдно прашање?“
Принц Роџер Нелсон почина на 21 април, 2016 година, на 57-годишна возраст од предозирање со анелгетици. Од неговата смрт, семејството се обидува да ги зголеми изворите на приходи објаснувајќи дека тие пари им требаат за заштита и одржување на неговото обемно наследство.