Валандовскиот градоначалник не го потпишал барањето за референдум за Казандол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиновски одбил да ја потпише одлуката на Советото на општина Валандово со која на вонредна седница беше прифатено барањето за референдум на граѓанската иницијатива Спас за Валандово.

Градоначалникот на општина Валандово денес донесе Решение со кое се запира објавувањето за распишување на Референдум на локално ниво донесен на седница на Советот на општина Валандово. Ова решение стапува на сила по неговото објавување во службен весник.

Советот на општина Валандово на 3 овој месец на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива Спас за Валандово и едногласно донесе одлука за негово респишување. Одлуката требаше да ја потпише градоначалникот по што, во рок од 40 дена, би се одржал и референдумот.