Бизарната и трагична вистинска приказна за Едвард Мордрејк – човекот со две лица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Често имаме обичај жаргонски за некој човек да кажеме дека е „со две лица“, но никогаш веројатно не ви паднало на памет дека низ историјата навистина постоел некој човек кој буквално имал две лица.

Англичанецот Едвард Мордрејк, кој живеел во 19 век, имал стравична аномалија бидејќи бил роден со две лица, едно од предната страна на главата, а другото, „паразитското“, на задната страна од главата.

Тогаш се сметало дека тоа второ лице е „демонско“ и Едвард сакал лекарите да му го отстранат, но никој во тоа време не се осудувал ни да помисли да направи таков зафат. Дури и за денешната медицина отстранувањето на „второ лице“ од задниот дел на главата би било вистински предизвик и доста ризичен оперативен зафат.

Едвард сигурно би бил спремен и на таков ризик, бидејќи неговиот живот со две лица бил неподнослив, а бидејќи потекнувал од богато семејство, сигурно можел да си ги дозволи најдобрите лекари. За жал, и покрај бројните обиди, останал осуден да живее со таков хендикеп.

Најмногу му сметало, како што самиот признавал, тоа што второто лице навечер „говорело демонски зборови“. Тој немал никаква контрола над второто лице. Тешко е и да се замисли некој човек во таква ситуација, а не пак секојдневно да се бори и носи со второ лице кое му се наоѓа на тилот и зборува чудни зборови и испушта чудни звуци.

Едвард со тек на време станувал сè поповлечен. Не сакал да се гледа со никого, дури ни со своите роднини. Се зборува дека бил доста талентиран млад човек со одлична музичка дарба.

Подоцна било потврдено дека тоа лице не може да јаде ниту да говори, но било впечатливо тоа што понекогаш се смее или плаче, па дури и дека мрмори нешто неразбирливо.

Она што е дополнително интригантно во овој навистина бизарен случај е тоа што второто лице од Едвард било женско. Звуците кои тоа лице ги испуштало, а кои Едвард не можел да ги контролира, сигурно влијаеле на неговата психа. Лицето очигледно немало никаква свест. Веројатно била негова недоразвиена сестра близначка.

На крајот, Едвард извршил самоубиство на 23 години, испивајќи отров, не можејќи да го издржи животот во таква состојба. На негово инсистирање во прошталното писмо, неговиот гроб не е обележан и не се знае каде е погребан.

Том Вејтс, на својот албум од 2002 година, Alice, една од песните му ја посвети токму на Едвард со наслов Poor Edward.