Стружани повторно ја наѓубрија општинската зграда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва околу полноќ дел од граѓаните на Струга, повторно го фрлија ѓубрето пред општинската зграда, но веднаш потоа наидоа на несогласување од Албанската страна кога во ист момент група на луѓе притрчаа да го изразат своето негодување. По мала расправија,турканица и интервенција на полицијата страстите се смирија.

Веднаш потоа следеа низа расправии од типот дека мора да се најде кривецот што го пали, дека не треба ова да се прави, дека треба да почекаме, и ред други глупости од кои ни е преку глава низа години наназад, рекоа револтираните стружани.