Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утрово како „бомба“ одекна веста која ја објавија скоро сите медиумите на Островот – Манчестер Јунајтед постигна договор со Евертон за Ромелу Лукаку.
Лукаку ќе го напушти Евертон и ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а Вејн Руни ќе тргне во спротивен правец. Меѓутоа, во договорот на Јунајтед за Лукаку не е вклучен Руни, туку станува збор за две посебни трансфер операции.
„Би-Би-Си“ пренесува дека трансферот е веќе договорен и дека Мурињо за Лукаку ќе плати 75 милиони фунти. Па така трансферот на Белгиецот ќе стане еден од 5-те најскапи на сите времиња.
Мурињо и Лукаку порано соработуваа заедно во Челзи, но таа соработка траеше кратко бидејќи „Специјалниот“ многу лесно се откажа од него.
Исто така медиумите тврдат дека покрај Лукаку, Јунајтед веќе го договорил и трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид.