Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголем дел од нас имаме денови кога огледалото не ни е баш најдобар пријател. Дури и кога поголем дел од времето внимавате на исхраната, редовно вежбате и слично, постојат денови кога едноставно не се чувствувате добро во својата кожа и мислите дека резултатите од вашите напори се незабележливи.
Во поголем дел од таквите случаи и сами знаете дека претерувате, но понекогаш резултатите не се гледаат поради некои други причини, како што е на пример стресот, кој го побива секој направен склек и секој километар изминат со трчање.
Ако е во прашање тоа првото, имаме едноставен трик со кој брзо можете да ги исфрлите од глава таквите мисли. Одговорот се крие во физички вежби од само 30 минути, за да се чувствувате подобро поради својата линија, а тоа го докажуваат и научниците со научно истражување објавено во Psychology of Sport and Exercise списанието.
Експертите тврдат дека станува збор за менталната перцепција. Имено, жените кои учествувале во истражувањето и кои се чувствувале лошо пред било какви активности од половина час, после нив се чувствувале поослабени и посилни. Но, она што е уште поважно е дека таквото чувство останува во нив и откако ќе ја напуштат теретаната.
Конкретно, во овој случај се работи за нешто поинтензивни вежби, кои даваат такво чувство, но секогаш важи и она старо правило дека „секој тренинг е подобар од оној кој не си го направил“.
Според тоа, кога и да се чувствувате лошо во вашето тело, испотете се и уверете се дека немате причина за такви црни мисли.