Огромна чест: Раде Шербеџија поканет да биде член на Американската академија на филмски уметности


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прославениот актер Раде Шербеџија е повикан да биде член на Американската академија на филмски уметности и наука, во која членуваат филмски професионалци од целиот свет.

На овој начин Шербеџија би станал еден од членовите, кои меѓудругото, учествуваат и одлучуваат за добитниците на најпрестижната филмска награда Оскар. Академијата има членови дод 57 држави.

Во кариерата долга 50 години, познатиот актер остварил повеќе од 150 улоги во домашни и странски филмови. Своите актерски способности ги има докажано и во филмските хитови на Стенли Кјубрик „Очи ширум затворени“, „Невозможна мисија 2“ на Џон Ву, „Вселенски каубојци“ на Клинт Иствуд и „Грабни и бегај“ на Гај Ричи.

Неговиот првенец како режисер „Ослободувањето на Скопје“, во кој ја толкува главната улога е прикажан на повеќе од десет фестивали во Европа и САД. Минатата година овој фил е избран да биде македонски кандидат за 89-то доделување на наградите Оскар, во категоријата најдобар странски филм.