Журка од 10 милиони долари: Вака изгледа кога прават свадба двајца руски тајкуни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога прават свадба потомците на две од најбогатите семејства во Русија, јасно е дека тука нема штедење.

Свадбата на Лолита Османова, ќерка на енергетскиот тајкун Елдар Османов и Гаспар Авдолијан, син на рускиот милионер Алберт Авдолијан, не беше исклучок.

„Свадбата од бајките“, која вклучуваше и настапи на Лејди Гага и Џејсон Дерул, беше организирана во легендарниот „Долби Театар“ во Лос Анџелес, каде инаку се одржува доделувањето на наградите Оскар и чинеше неверојатни десет милиони долари, пушува „Дејли Мејл“.

Само за раскошните цветни аранжмани се зборува дека се потрошени половина милион долари.

Лолита (22) носеше венчаница која посебно за неа ја креираше либански дизајнер Зухаир Мурад, со долг вел украсен зо скапоцени камења во форма на цвет. Подоцна се пресоблече во поедноставен фустан, инспириран од 40-те години на минатиот век.

Свадбената торта беше на десет ката, а целата свадба беше толку многу луксузна што и руските медиуми објавија наслови дека повпечатливо од ова би била само уште свадба во Вселената.