Пратеникот Манојловски порачува: Владата да има слух за хомосексуалците (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Владата мора да ги отвори ушите за правата на хомосексуалците во земјава“, смета пратеникот на ДУИ, Бранко Манјоловски, во интервју за Макфакс.

Манојловски вели дека не познава лично хомосексуалци од пратениците во актуелниот парламентарен состав, но е убеден дека ги има. Процесот на признавање на нивните права може да се попречи, но не може да се запре, тврди тој.

Пратеникот на ДУИ, вели дека не ја прочитал објавата на Фејбук на пратеникот Мухамед Зекири, но вели дека процесот на признавање на правата на сите граѓани мора да бидат еднакви, независно од тоа дали се хомосексуалци или хетеросексуалци.