Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Триесетина минути по полноќ во ЕИК Скопје, Т.Ч. пријавил дека на улицата Архитект Никола Добровиќ, во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширела непријатна миризба. Поради тоа соседите се посомневале дека тој бил починат и повикале полиција.
Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил утврден идентитетот на лицето, и се работи за 61годишниот К.А. чие тело било во фаза на распаѓање.
По наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено на институтот за Судска Медицина за обдукција.