Случајот Сопот го презема СЈО, Пуч се враќа во Кривичен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Советот на јавни обвинители наместо да ја даде на Катица Јанева спогодбата на Ѕвонко Костовски, осуден во предметот Пуч, списите повторно ги враќа во Кривичниот суд.

Претседателот на советот, Петар Аневски, исто така портврди дека согласно насоките кои му ги дале на обвинителството за организиран криминал и корупција, на Јанева ќе ѝ биде даден предметот Сопот.

СЈО го бараше Сопот поради тоа што постои јавно објавен прислушуван разговор во кој се зборува за овој предмет и со цел Јанева да утврди дали е надлежно и за овој предмет.