Масовен „протест“ на илјадници австралиски кокошки (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скоро 7.000 кокошки се ослободија откако камионот кој ги превезуваше удри во столб, па кокошките завршија на сите страни од еден од главните патишта во Австралија.

„Кутии со мртви и повредени кокошки беа расфрлени долж патот од 160 метри, а илјадници кокошки трчаа од двете страни на делницата сообраќајната делница“, соопшти полицијата.

Возачот призна дека заспал за време на возењето, поради што скршнал од патот и удрил во столб од мостото на автопатот А1.

Лентата за товарни возила беше затворена утрото кога има најголем промет на возила, поради што настана голема гужва. Повеќе од 100 полицајци и пожарникари ги фаќаа кокошките и ги враќаа во кутиите, но некои успеаја да побегнат од својата сурова судбина, бидејќи камионот ги превезуваше до фабриката каде беа убивани и преработувани за месо за продажба.