Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако многу работите во животот и сте постојано зафатени и во вечно брзање, веруваме дека наоѓате многу време да си посветите себеси и на физичките вежби.
Сепак, ако сакате да имате што подобра линија или да слабеете, како и да се обидете да се храните што поздраво, овие совети и тоа како ќе ви го олеснат тоа.
1.Опремете ја кујната со квалитетни намирници
Ослободете се од нездравата храна која изобилува со калории и кујната наполнете ја со здрави и квалитетни намирници. Така нема да имате можност често да посегнувате по нездрава храна.
2.Одредете си време за вежбање
Испланирајте точен термин за тренинг, бидејќи така се поголеми шансите да се држите до тој план. За многу зафатените луѓе најдобар термин, секако, е наутро, пред читање на мејловите, состаноците, стресот и телефоните, кога можете да размислувате само за себе и за своите потреби и имате доволно време да се посветите на нешто друго.
3.Оброците припремајте ги однапред
Бирајте ги намирниците кои можат да стојат по неколку дена во фрижидерот, па дневните оброци спремајте си ги одвечер. Така ќе имате целосна контрола на тоа што јадете, а освен тоа нема да претерувате со храната, бидејќи секогаш однапред ќе си ги одредувате порциите.
4.Не консумирајте многу шеќер и кофеин
Едно утринско кафе е едно, но неколку кафиња во текот на денот се нешто сосема друго. Исто така, во стресните моменти и кога брзате, а кај зафатените луѓе тоа е секојдневие, често се посегнува по слатки и чоколада, но и солени и масни грицки, за да се снабди телото на брз начин со енергија. Но, вистината е дека после таквите блиц оброци ќе се чувствувате уште поуморно.
5.Префрлете се на здрави грицки
Каде и да одите, со себе носете си здрави грицки по кои често ќе посегнувате во стресните ситуации: јаткасти плодови, овошје, морков, енергетски плочки без додатен шеќер и слично. Исто така, немојте никоако да заборавате на доволно внесување на течности, особено во летните жешки месеци.
6.Најдете партнер за вежбање
Ако никако не можете да се натерате сами да вежбате, најдете друштво и партнер за тоа, бидејќи така е помала веројатноста дека ќе прескокнувате тренинзи.